За време на подготовките во Анталија, Турција, екипата на Шкупи официјализираше ново засилување за пролетниот дел од шампионатот. Нов фудбалер на чаирчани е деснокрилниот офанзивец Берат Џонатан Устабаши.
24-годишниот Устабаши има две државјанства, англиско и турско. Во својата кариера досега настапувал единствено во Турција, во екипите на Фетиеспор, Денизлиспор и Бурсаспор.
„Среќен сум што потпишав за клуб како Шкупи. Ова е убава можност за мене да играм во најсилната лига на Македонија. Никогаш претходно не сум бил во Македонија, па верувам дека ќе биде убаво и интересно искуство за мене. Главната причина да ја прифатам понудата на Шкупи секако е тренерот Умит Каран кој е еден вид мој идол“ – изјави Устабаши по потпишувањето на договорот со Шкупи.
Устабаши со чаирчани потпиша договор до јуни 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА