Максимално подготвувајќи се за настапи во квалификациите од Лигата на Европа, екипата на Шкупи е пред засилување со еден од најдобрите напаѓачи од албанското првенство, Нигериецот Џејмс Адениџи.
Адениџи е член на најдобриот албански клуб Скендербег кој поради суспензијата од УЕФА нема да може да биде дел ова лето од квалификациите за Лигата на шампионите. 26-годишниот Нигериец изминатава сезона постигна и 10 гола за Скендербег.
Покрај Адениџи, како што претходно објавивме, Шкупи е пред договор и со досегашниот напаѓач на Вардар, Дејан Блажевски кој ја заврши соработката со „црвено-црните“. На радарот на Шкупи е и младиот крилен офанзивец Валмир Нафиу кој си замина од редовите на Ренова.
Фудбалерите на Шкупи се на одмор до 6. јуни за кога е закажан стартот на летните подготовки. Според најавите првата фаза од подготовките на тимот за настапот во Европа ќе се реализира во Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА