Шкупи се засилува со нигерискиот голман Огундаре

Младинскиот репрезентативен голман на Нигерија, Детан Огундаре треба да биде најновото засилување за македонскиот прволигаш Шкупи, пренесуваат дел од нигериските медиуми.

Според објавата на спортските нигериски медиуми, 20-годишниот Огундаре веќе се договори за тригодишна соработка со Шкупи а официјалната промоција се очекува наредниве денови.

Огундаре важи за еден од најдобрите голмани на Нигерија кој се повеќе се наметнува и за прв голман во сениорската селекција. Шкупи претходно донесе уште еден голман, Игор Алексовски од Вардар, иако на европските натпревари и натаму број еден беше капитенот Суат Зендели.

Се вчитува...