Шкупи се засилува со репрезентативецот на Мали, Махарафа Тандина

Пред заминувањето на подготовки во Анталија, Шкупи се засилува со репрезентативецот на Мали, Махарафа Тандина кој доаѓа од редовите на босанскиот прволигаш Младост Добој Какањ.

22-годишниот крилен офанзивец во редовите на чаирскиот прволигаш доаѓа на позајмица до крајот на сезоната, со можност потоа да му биде откупен договорот.

Тандина претходно во својата кариера има настапувано и за младинскиот тим на турски Бешикташ од каде потоа се сели во Младост Добој.

Се вчитува...