Шкупи си ја прослави Европа…сега уште Шкендија да освои Куп (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкупи го декласира Вардар со 4-1 и го обезбеди четвртото место на табелата во Првата лига. Тоа условно носи излез во Европа, настап во квалификациите за ЛЕ, но доколку шампионот Шкендија успее в среда во Струмица да освои двојна круна, да се закити со трофејот и во Купот на Македонија.

Но, чаирчани како да се сигурни во квалитетот на избраниците на Ќатип Османи, па уште денеска си удрија на славје…А и не се победува секој ден Вардар со 4-1, нели…

 

Се вчитува...