Шкупи со двата гола на Дарбое во 91. и во 93. минута до тежок триумф во Струмица

Фудбалерите на Шкупи потешко од очекувањата со два гола во судиското продолжение славеше со 0-2 на гостувањето против Беласица во Струмица во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во крајно досаден натпревар без речиси ниту една посериозна шанса на двете страни во 90 минути, комплетните возбудувања се случија во судиското надополнување од натпреварот. И се во режија на најдобриот стрелец на чаирчани, Гамбиецот Дембо Дарбое.

Најпрво во 91. минута Дарбое погоди од пенал, а потоа во 93. минута и од брз контранапад одлично реализираше за конечни 0-2. Сето тоа за издвојување на Шкупи на врвот од табелата, барем до завршувањето на останатите натпревари од ова коло кои се играат викендов.

ПМФЛ – 3. КОЛО

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКУПИ 0-2

УТРЕ (17 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА

Тетово: РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ

НЕДЕЛА (17 ч.)

Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС

Струга: СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ

Се вчитува...