Шкупи со нов тренер по триумф: Работнички за излез од кризата

Шкупи се соочува со далеку послаб старт на сезоната од очекувањата. Па, токму поради тоа по само осум кола кај чаирчани се нареди и третиот едноподруго тренер. Турчинот Умут Каран сега ќе треба да го бара лекот за Шкупи и негово враќање на позитивните резултати кои треба да го доведат до европски излез на крајот од сезоната.

Чаирчани денеска од 15 часот во рамките на 9. коло во ПМФЛ на својот стадион се среќаваат со Работнички. Фудбалерот од средниот ред Рон Броја верува дека тимот под водство на новиот тренер може да дојде до трите бода…

„Ќе биде тежок натпревар, но кај нас постои сега огромен мотив да дојдеме до победата и ставиме точка на кризата која верувам дека повеќе е од психолошки аспект. Работевме напорно изминатиов период, притоа и анализирајќи го противникот кој исто така има пад на формата. Како и да е, мислам дека е време да се вратиме на победничките патеки и да ги оставиме лошите резултати зад нас“ – вели Броја.

Во тимот на Шкупи ќе недостасуваат Базилио Ндонг поради болки во коленото, како и повредениот Бесар Кривањева.

Натпреварот на Чаир ќе го суди Константин Влахо.

ПМФЛ – 9. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС

Скопје: ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА

Тетово: ШКЕНДИЈА – РЕНОВА

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...