Шкупи со три гола во вториот дел го победи Вардар, Ѓорѓиевски го спаси Силекс во Кавадарци (ВИДЕО)

Вардар се држеше само едно полувреме во дербито против Шкупи на „жешкиот“ Чаир. Домашниот тим со три гола во вториот дел на крајот издвојува убедлив триумф, значаен во битката за титулата во ПМФЛ.

По првиот дел немаше голови благодарение на Гачевски и на пречката од голот на Вардар, но во вториот дел Шкупи ја оправда фаворитската улога. Најпрво Дуду во 54. минута по додавање на Трапановски, успеа со глава да погоди во мрежата на Гачевски. Во 64. минута Вардарци останаа со играч помалку, откако Ристовски доби втор жолт картон, а тоа беше материјализирано само четири минути подоцна, откако Трапановски по една убава акција, стрелаше прецизно во голот на гостите.

Во 77. минута Гронер казни една од ретките грешки на Глишиќ во одбраната, зголеми на 3-0. Вардар се обиде да врати, но пречката овојпат беше сојузник за Шкупи. Чаирчани остана со играч помалку откако во 81. минута беше исклучен Рватубјаје.

 

И на вториот меч двата гола беа постигнати во вториот дел. Тиквеш и Силекс на крајот играа 1-1, откако кратовскиот тим се спаси во последните секунди од пораз. Тиквеш поведе со голот на Даноски во 54. минута, а Ѓорѓиевски со глава во 93. минута донесе бод за кратовци.

 

ПМФЛ, 25. КОЛО

ШКУПИ – ВАРДАР 3-0

(Дуду 54′, Трапановски 68′, Гронер 77′)

ТИКВЕШ – СИЛЕКС 1-1 

(Даноски 54′ – Ѓорѓиевски 90’+3)

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...