Шкупи со триумф над Фероникели фати залет за стартот на шампионатот

Македонскиот прволигаш Шкупи го одигра последниот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона во Првата лига. На Чаир, тимот на Зекирија Рамадани славеше со 1-0 против косовскиот тим Фероникели и фати триумфален залет за шампионатот.

Стрелец на единствениот гол за Шкупи беше Баже Илијоски во 31.минута од средбата. Шкупи во првото коло од новата сезона ќе ги одмери силите со Силекс.

Се вчитува...