Шкупи тргна кон Европа, Рамадани го одржа првиот тренинг (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Шкупи денеска ги стартуваше летните подготовки во пресрет на настапот во квалификациите за Лигата на Европа. Со ангажманот на интернационалецот Муарем Муарем, раководството покажа дека има големи амбиции за новата сезона, а допрва треба да се очекуваат уште неколку засилувања.

Тренерот Зекирија Рамадани го одржа првиот тренинг со фудбалерите, иако во некомплетен состав, со оглед дека некои од нив добија малку подолг одмор. На собирот се појави и најтесното раководство на клубот, посакувајќи им многу успех на фудбалерите и на стручниот штаб на настапите на меѓународната сцена, но и во домашните натпреварувања следната сезона.

Шкупи и кадровски се засилува за следната сезона, па во спортскиот дел од раководството на тимот вклучен е и поранешниот македонски репрезентативец Ертан Демири кој ќе биде нов тим-менаџер во клубот.

Се вчитува...