Шкупи за 60.000 евра го ангажираше Ндонг од Екваторијална Гвинеја

Шкупи ангажираше уште еден напаѓач за престојната пролетна сезона. Тимот од Чаир денеска официјално како свој нов фудбалер го промовираше 19-годишниот Базилио Ндонг од Екваторијална Гвинеја.

Ндонг, со само 19 години, веќе е член на сениорската репрезентација на својата земја, а според најавите се очекува да биде повеќе од квалитетнот засилување за составот на Ардијан Нухиу.

Како што информираат од Шкупи, трансферот на Базилио Ндонг во клубот изнесува 60.000 евра, а потпиша е договор на триипол години, до јуни 2021.

Ндонг веќе се приклучи на подготовките на тимот во Анталија. Следниот пријателски натпревар на Шкупи е утре против Челик од Зеница.

Се вчитува...