Шкупи за еден милион евра го продаде Дембо Дарбо на Шахтјор Солигорск

Како и што претходно се најавуваше Шкупи за пролетниот дел од сезоната ќе биде без најдобриот свој фудбалер, офанзивецот Дембо Дарбо.

Гамбиецот својата кариера ја продолжува во белорускиот шампион Шахтјор Солигорск, а Шкупи за неговата продажба добива околу еден милиони евра, што е еден од најголемите трансфери во историјата на македонскиот фудбал.

Според последните информации двете страни веќе ги прецизирале деталите на договорот, па останува уште официјалната промоција на Дембо Дарбо во новиот дрес.

Во редовите на Шахтјор Солигорск се очекува да потпише и еден од најдобрите фудбалери на Шкендија, Валон Ахмеди.

Се вчитува...