Шкупи загуби од Приштина во „генералката“ пред стартот на сезоната

Прволигашот Шкупи имаше резултатски негативна „генералка“ пред стартот на новата сезона во Првата лига. Тимот на Адријан Нухиу загуби од косовскиот тим Приштина со 1-2 на меѓународниот пријателски натпревар што се одигра денеска на стадионот Чаир. По ’пеколни’ услови за игра, двата тима и не можеа да прикажат нешто повеќе на овој дуел.

Шкупи прв дојде во водство на натпреварот со голот на Шпенд Асани. Тој во 25.минута одлично се снајде и успеа да ја затресе мрежата на Приштина.

Во вториот дел, тренерите направија повеќе замени во своите тимови, а тоа Приштина подобро го искористи. Во 64.минута, Гутијар Манкенда го израмни резултатот, а во последните моменти од средбата Басит Калид донесе и триумф за гостите.

Се вчитува...