Шкупи закажа пријателска со Бешикташ во Истанбул

Екипата на Шкупи објави дека ќе игра пријателски натпревар против гигантот Бешикташ. Натпреварот треба да се игра во Истанбул на 11. ноември, за време на репрезентативната пауза.

Чаирскиот тим објави видео во кое го најави настанот, што би требало да биде добра контрола на тимот за финишот на есенскиот дел од сезоната, во кој тимот на Седлоски оваа сезона најави битка за првото место на табелата.

Се вчитува...