„Шлаканица“ од Чориќ за Мареј во Мадрид

Слабите игри на Енди Мареј во 2017 година продолжија и на турнирот во Мадрид, каде првиот светски рекет неочекувано беше запрен уште во осминафиналето. На патот на Британецот застана 20-годишниот Борна Чориќ, кој премногу лесно и убедливо го реши првиот носител, триумфирајќи со 6-3, 6-3.

Чориќ (59. на АТП-листата) беше особено импресивен во првиот сет, кога три пати го одзеде сервисот на фаворитот. Во вториот пак само еден брејк беше доволен за младиот Хрват да триумфира, негова втора победа во кариерата над Мареј, откако лани го совлада британскиот тенисер во Дубаи.

Новак Ѓоковиќ останува најдобро рангиран тенисер на овој турнир откако Србинот славеше со 6-4,7 -5 над Фелицијано Лопез.

Давид Гофан лесно и убедливо го реши Милош Раониќ со победа од 6-4, 6-2, а со одлична игра продолжи и Зверев, кој го елиминираше Томаш Бердих со резултат 6-4, 6-4.

Се вчитува...