Ракометарките на Вардар добија „шлаканица за будење“ пред фајналфор турнирот во Будимпешта, откако денеска го загубија мечот против Крим во рамките од ВРХЛ-лигата со резултат 34-29.
Трофејот во ова регионално натпреварување веќе беше осигуран така што мечот немаше преголемо резултатско значење, но Дибирова и Парондо очекуваа далеку подобро издание во „генералката“ пред настапот на фајналфор турнирот во Будимпешта, каде во полуфиналето ќе ги очекува пресметка со рускиот првак Ростов.
„Црвено-црните“ одиграа очајно во одбраната и заслужено го загубија натпреварот, а најефикасни во нивните редови беа Керамичиева со пет и Радичевиќ со четири постигнати гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА