Шлаканица за Баерн: Шампионот заборави да победува во Бундес-лигата

Баерн Минхен доживеа ново фијаско во Бундес-лигата, откако избраниците на тренерот Нагелсман загубија со 1-0 на гостувањето против Аугсбург. По трите реми во низа на домашната сцена, актуелниот првак имаше убава можност да се врати на победнички патеки, но одигра уште еден многу слаб натпревар. Аугсбург имаше свои шанси и во првиот дел, за во второто полувреме Бериша да ја казни заспаноста на Сане и на гостинските дефанзивци и да го постигне победничкиот гол.

Баерн имаше свои шанси на натпреварот, но Садио Мане повторно одигра под своето ниво, потфрлија и Милер, Сане како и резервистот Гнабри, па баварскиот гигант попладнево го претрпе првиот овосезонски пораз. Во 94. минута последната шанса за Баерн ја имаше голманот Нојер, кој истрча во противничкиот шеснаесетник, но по корнерот на Гнабри неговиот одличен удар со глава го одбрани голманот Гилкиевич.

Тинејџерот Мукоко беше херој на Борусија Дортмунд на локалното дерби со Шалке што „милионерите“ го добија со 1-0. Младиот напаѓач влезе во игра на средината од вториот дел на местото на индиспонираниот Модесте и одлично се снајде постигнувајќи го победничкиот погодок за својот ти.

Баер Леверкузен и Вердер ремизирааа 1-1 на „Бај Арена“, домаќините први поведоа преку Демирбај на стартот од вториот дел, но Вељковиќ беше играчот што спаси бод за Вердер со гол во 82. минута.

Резултати Германија:

Борусија Д. – Шалке 1-0, Баер Л. – Вердер 1-1, Штутгарт – Ајнтрахт 1-3, Аугсбург – Баерн М. 1-0.

Се вчитува...