Шмајхел, по долго време, откри детали за смртта на сопственикот на Лестер

Голманот на Лестер, Каспер Шмајхел во разговар за „Скај Спортс“ за прв пат откри детали поврзани со кобната хеликоптерска несреќа во која животот го загуби сопственикот на клубот, Вишаи Шривадханапрахба.

Шмајхел долго време не сакаше да зборуваа на таа тема, но сега се отвори за трагичниот настан на кој и самиот беше сведок…

„Се сеќавам на се, на секој најмал детаљ. Се уште сум навистина потресен. Моето семејство од Данска беше дојдено за натпреварот, па ги однесов на прошетка околу стадионот и на теренот… И тие сведочеа на таа глетка затоа што хеликоптерот секогаш беше голема атракција. Сите ние ги поздравуваме кога полетаа и гледавме како се вивнуваат во воздухот. Тоа го правев по речиси секој натпревар, како некој ритуал“ – истакна Шмајхел и дополни:

„Но, да бидам искрен имаше нешто чудно тука. Не беше како претходните пати… Одеднаш го видов хеликоптерот како се руши. Истрчав директно од тунелот и веднаш отидов на таа страна од стадионот. Луѓето таму се уште немаа видено што се случило. Потоа почнав да викам на луѓето да викнат полиција, а еден од обезбедувањето ме виде и истрча по мене. Дојдовме до хеликоптерот, се обидувавме нешто да помогнеме но немаше шанса. Беше тоа застрашувачки момент. Страшно е кога гледаш пред очи таква трагедија а си толку беспомошен“.

Се вчитува...