Шмајхел пред „кам-бек“ во Премиерлигата

Данскиот голман Каспер Шмајхел е пред враќање во Премиерлигата, откако стана неизвесна неговата иднина во Ница. Францускиот клуб објави дека во новата сезона прв голман ќе биде Марчин Булка, по што Данецот не сака да седи на клупата, и најави заминување.

Интерес кон Шмајхел засега пројавува само Нотингем Форест. Форест сака нов голман откако заврши позајмицата на Кејлор Навас, а клубот е во преговори и за голманот на Јунајтед, Дин Хендерсон, и со чуварот на мрежата на Арсенал, Мат Тарнер.

Шмајхел пристигна во ница минатото лето, откако долго време беше дел од Лестер.

Се вчитува...