Шмит му донесе победа на Рајн Некар Левен, Македонците без погодок

Енди Шмит со погодок од девет метри на неколку секунди пред крај му донесе победа на Рајн Некар Левен против Лајпциг со 24-23, во натпреварот од 25.коло во Бундеслигата. По елиминацијата од Кил во осминафиналето од Лигата на шампионите, Рајн Некар Левен беше на прагот на уште еден пораз пред својата публика. Лајпциг во поголемиот дел од натпреварот беше во позитива, но Рајн Некар Левен беше поуспешен во финишот и  со погодокот на Шмит, стигна до 20.победа во Бундеслигата.

Дејан Манасков и Филип Талески беа во составот на Рајн Некар Левен, но ниеден не се запиша во листата на стрелците. Манасков беше во игра во првиот дел и имаше две промашување од кои едното од седум метри, а Талески на овој меч остана на клупата.

Најефикасан кај Рајн Некар Левен беше Мариус Стајнхаузе со осум гола. Енди Шмут заврши само со два гола, но го постигна најважниот погодок за победа на Рајн Некар Левен. Голманот Јенс Вортман беше најдобар поединец во составот на Лајпциг со 14 одбрани меѓу кои пет одбранети седмерци.

Филип Миркуловски со Вецлар во ова коло славеше победа на домашен терен против Минден со 26-22. Македонскиот репрезентативец заврши без погодок, а најефикасен  во димашниот тим беше Филип Вебер со седум гола.

Се вчитува...