Кошмарот на Ливерпул со повредени играчи стана уште поголем откако Хуго Екитике мораше да биде заменет уште во првото полувреме од мечот со ПСЖ, а лекарските прегледи ја донесоа најлошата можна вест за англискиот фудбалски гигант и за францускиот голгетер.
Екитике ја скинал тетивата на ногата, поради што напаѓачот сега го очекува долга пауза од фудбалските терени. Сезоната е завршена за него, за жал тој нема да настапи ниту на претстојниот мундијал за Франција, а првите лекарски прогнози велат дека Екитике ќе мора да паузира најмалку девет месеци од терените.
Ова практично значи дека Французинот нема да може да се врати до крајот на оваа календарска година, а Ливерпул дефинитивно ќе мора да се активира повторно на пазарот ако се знае дека „црвените“ летово ќе останат и без Мохамед Салах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

