Шок: Енди Мареј му кажува збогум на тенисот!

Енди Мареј ја шокираше тениската јавност во пресрет на почетокот на Австралија опен објавувајќи дека ќе ја заврши својата кариера во текот на оваа година. Хроничната повреда на колкот е причина за ваквата одлука на најдобриот британски тенисер на сите времиња. Мареј би сакал збогувањето од спортот да го има на Вимблдон, но исто така е и свесен дека голема е веројатноста дека нема да издржи да игра со болка уште шест месеци.

„Сите добро знаете, подолго време се мачам со оваа незгодна повреда. Чувствувам болка повеќе од 20 месеци, направив се што можеше да е направи, но колкот не ми е опоравен. Можеби сум подобар отколку пред шест месеци, но болката се уште е голема, знам дека не можам да продолжам да се измачувам и затоа ја донесов одлуката да кажам збогум на тенисот. Ќе играм овде во Мелбурн, планот ми е да кажам збогум на Вимблдон, но се уште е рано за да можам да знам дали ќе издржам до тој гранслем турнир“ – истакна Мареј со солзи во очите.

Енди Мареј долги години беше дел од „големата четворка“ на светскиот тенис со Федерер, Надал и Ѓоковиќ. Врв на неговата кариера се двете титули на Вимблдон и двата олимписки златни медали, во Лондон и во Рио де Жанеиро.

 

Се вчитува...