Отсуството на Карлос Алкараз од тениските терени ќе продолжи и во првите месеци од претстојното лето откакоо Шпанецот обелодени дека нема да може да настапи и на Вимблдон.
Големиот ас поради проблем со скочниот зглоб ги пропушти турнирите во Мадрид и Рим,, неговите фанови беа во шок откако Алкараз објави дека нема да може да игра на Ролан Гарос, но надежите беа дека паузата нема да биде премногу долга и дека неовиот настап на Вимблдон нема да биде доведен во прашање.
За жал, се случи токму спротивното, па Карлос Алкараз на својот официјален профил на инстаграм обелодени дека нема да може да настапи на британскиот гранслем турнир.
„Моето опоравување тече добро, се чувствувам многу подобро, но за жал не сум подготвен за натпреварување. Затоа, морам да се повлечам од претстојните турнири на трева во Квинс и на Вимблдон. Тоа се два специјални турнири за мене и сигурно дека многу ќе ми недостигаат. Работиме напорно за што поскоро да се вратам на терените“, објави Карлос Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
