Ќе почека уште малку Кристијано Роналдо за трофеј со Ал Наср. Вечерва неговиот тим имаше шанса да дојде до пехарот во азиската ЛШ 2, но загуби во финалето од Гамба Осака и така остана без уште едно одличје.
Хумет во 30 минута го постигна голот вреден триумф за јапонскиот тим, оставајќи го Кристијано Роналдо во „очај“ и во неверување, со оглед дека пред само неколку дена не успеа да го потврди трофејот во саудиската Лига-про.
Сега за Португалецот останува уште мечот против Дамак за пет дена. На овој меч Ал-Наср со победа ја освојува титулата во првенството на Суадиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
