Шок: Мајами ќе го „трејдува“ Горан Драгиќ

Горан Драгиќ е шокиран од одлуката на раководството на Мајами да се откаже од неговите услуги и да го вклучи одличниот плејмејкер во понудата за да се обезбеди потписот на Кајл Лаури од Торонто репторс.

Словенечкиот ас според многумина е еден од лидерите на тимот од Флорида, Драгиќ воопшто не размислувал за менување на клупските бои, па затоа бил изненаден кога му било соопштено дека наскоро може да се случи тој да се спакува и да се пресели во Канада. „Жешките“ и официјално ги почнале преговорите со Торонто за Лаури, во понудата покрај Драгиќ вклучувајќи го и Кендрик Нан.

Драгиќ најчесто влегува од клупата за резерви, но сепак постигнува по 15 поени во просек, докажувајќи дека и на 34-годишна возраст се уште може да игра на највисоко ниво. Словенецот во својот договор има клаузула што му овозможува да стави „Вето“ на трансфер што нема да му се допадне, па интересно ќе биде да се види дали Драгиќ ќе се реши на ваков потег или ќе прифати да си замине од Мајами, тимот со кој лани стигна до големото финале на НБА-лигата.

Се вчитува...