Шок: Младеновски позитивен, неизвесни Вајли и Трајковски

Македонската репрезентација се соочува со огромен проблем на само три часа пред почетокот на натпреварот со Италија, откако беше обелоденето за случај на Covid-19 во таборот на „црвено-жолтите“. Станува збор за центарот Љубомир Младеновски, кој добил позитивни резултати на тестирање и дефинитивно нема да настапи против Италија и Естонија.

Згора на тоа, неизвесен е и настапот на уште двајца високи кошаркари, Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли, за кои ќе бидат извршени дополнителни тестирања во „пет до дванаесет“ пред да биде донесена одлука дали ќе можат да настапат.

„Резултатите од последното тестирање во нашиот национален тим покажале дека Љубомир Младеновски има позитивен наод, а за Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли следуваат дополнителни здравствени проверки. И покрај сите превземени мерки од страна на федерацијата, спроведени пред почетокот на подготовките во Скопје, но и за време на престојот во главниот град на Естонија, PCR тестирањето покажа присуство на вирусот кај еден наш кошаркар, а лекарскиот тим предводен до Др Слободан Николиќ ги очекува дополнителните здравствени наоди од дополнителните испитувања за другите двајца наши репрезентативци, чиј настап сега е доведен под знак прашалник“, се вели во информацијата на официјалната веб-страница на КФСМ.

Се вчитува...