Шок на „Камп Ноу“: Кикс на Барселона, поразена од аутсајдерот Кадиз (ВИДЕО)

Барселона доживеа вистински шок среде „Камп Ноу“, откако аутсајдерот Кадиз со резултат од 0-1 оствари голема победа на гостински терен во рамки на 32. коло во Ла Лига.

Кадиз го отвори мечот преку Лука Перез во 48. минута. По овој гол гостите и нанесоа неочекуван удар на каталонците, па домаќините на грб имаа дополнителен притисок за да се вратат во игра и да го свртат натпреварот.

Тимот на Чави Ернандез ја имаше целосната доминација на овој двобој, но недостасуваше реализација како во првото, така и во второто полувреме.

Барселона по овој пораз се наоѓа на второто место во Ла Лига со 60 бода, исто колку што имаат Севилја и Атлетико Мадрид.

 

 

https://video.twimg.com/ext_tw_video/1516146103036612623/pu/vid/1280×720/WCsloooGYnf3Echy.mp4?tag=12

 

 

 

Се вчитува...