Шок на „Камп Ноу“: Забрана за скапи засилувања од владата за клубовите што користеле мерки за помош

Каталонскиот гигант Барселона најверојатно ќе зажали што посегна по мерките за помош кои ги понуди шпанската влада за санирање на економските штети од пандемијата на коронавирусот. Поради ова, нема да може да доведе скапи засилувања во тимот во претстојниот летен преоден рок. Тоа значи дека Нејмар најверојатно и ова лето нема да се врати на „Камп Ноу“.

Набрзо по прекинот на фудбалските првенства ширум Европа клубовите се сочија со финансиски проблеми. Дел од нив се снајдоа подобро, а во Шпанија дел од клубовите мораа да ги користат мерките на владата за помош поради коронакризата. Меѓу нив и Барселона, Атлетико Мадрид, Севилја, Алавес, Валенсија, Еспањол, Гранада и Осасуна, како и десет шпански второлигаши. Но, овие клубови сега нема да можат да доведат скапи засилувања.

Преодниот рок за нив нема да биде затв орен, меѓутоа шпанската влада ќе им надгледува сите финансии и за секој одделно ќе одобрува или ќе ги одбива најавените трансфери. Секако, скапите засилувања ќе бидат одбиени, затоа што нема смисол од една страна клубовите да користат државна помош и да ги трошат парите на даночните обврзници, а од друга страна да се расфрлаат со ангажман на скапи засилувања. Продажбата на фудбалерите ќе им биде дозволена без никакви ограничувања, но клубовите нема да можат да доведат соодветни замени.

 

 

 

Се вчитува...