Шок на „Сан Сиро“: Беневенто го победи Милан

Последнопласираниот тим на табелата во Серија А, Беневенто, го изненади Милан на „Сан Сиро“, совладувајќи го со 0-1. Иако „росонерите“ важеа за големи фаворити, сепак, Беневенто стигна до петтиот триумф оваа сезона во италијанскиот шампионат.

Пјетро Јемело во 29.минута излезе сам пред Џанлуиџи Домарума и го совлада за молк во Милано. Избраниците на Џенаро Гатузо се обидуваа да стигнат до израмнување, имаа шанси, меѓутоа реализацијата беше очајна. Во последните десетина минути Беневенто беше и со играч помалку поради исклучувањето на Диабате, но и тоа немаше ефект за домашниот тим.

Се вчитува...