Шок на Вимблдон – Чилиќ испадна по водство од 2-0 во сетови

Денешниот ден на Вимблдон донесе уште едно огромно изненадување, откако Марин Чилиќ веќе во второто коло го заврши својот настап на овој гранслем турнир. Сензацијата е уште поголема ако се знае дека Хрватот вчера против Пелја имаше предност од 2-0 во сетови, пред мечот да биде прекинат поради дожд при водство на Пелје од 3-4 во третиот сет. Дуелот продолжи денеска, а во него големиот фаворит одигра очајно, овозможувајќи му на Пелја да направи целосен пресврт и да ги добие следните три сета со 4-6, 6-7 и 5-7.

Претходно, својот настап го заврши и Станислас Вавринка, кој беше поразен со 0-3 во сетови од Италијанецот Фабијано. Швајцарецот пропушти две сет-топки при негатива од 0-2 во вчерашната програма, за мечот да продолжи денеска, па Фабијано во тајбрејк да ја заврши работата и да обезбеди пласман во третата рунда.

Интересен беше и маратонот меѓу Иснер и Бенелманс што продолжи денеска при 2-2 во сетови. Американецот спаси две меч-топки на противникот пред да слави со 7-5 во решавачкиот сет, а мора да се истакне фантастичниот сервис на Иснер кој го заврши мечот со 64 ас-удари.

Се вчитува...