Нејмар заработи незгодна повреда во самиот финиш од вчерашниот натпревар со Сент Етјен, јасно е дека бразилскиот голгетер го очекува пауза од терените, но „РМЦ Спорт“ тврди дека Покетино нема да може долг период да смета на услугите на овој фудбалски генијалец.
Според овој извор, повредата на Нејмар е крајно сериозна и паузата ќе биде повеќемесечна. Во зависност од тоа колку се оштетени лигаментите на повредениот скочен зглоб, Бразилецот би можел да паузира и до шест месеци од терените, што би значело дека тој ќе го пропушти остатокот од оваа натпреварувачка сезона, што дефинитивно би претставувал огромен удар за „светците“ во атакот на трофејот во Лигата на Шампионите.
Официјалните лица на ПСЖ се уште молчат околу точната дијагноза по вчерашните лекарски прегледи, со што се остава простор за шпекулации околу должината на паузата, за која различни француски медиуми шпекулираат дека ќе изнесува од еден па се до шест месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА