Шок од Англија – Трипие пред суспензија поради обложување

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и англиски репрезентативец Киран Трипие е обвинет поради кршење на правилата околу обложување на натпревари од страна на Англиската фудбалска федерација.

Трипие е казнет поради обложувачки прекршок во јули 2019 година истиот месец кога го напушти Тотенхем и премина во шпанскиот Атлетико Мадрид. Англискиот репрезентативец може до 18. мај да вложи жалба на одлуката.

ФА ќе упати апел до ФИФА да ја прифати оваа казна и да му биде забрането на Трипие настап за екипата на Атлетико Мадрид. Поради сличен скандал Даниел Стариџ беше суспендиран на шест месеци од фудбалот. Тој доби отказ од Трабзонспор и казна од 75.000 фунти.

 

Се вчитува...