Шок од Франција: Серхио Рамос ќе мора да се пензионира?!

Серхио Рамос ќе биде принуден предвреме да ја заврши кариерата откако честите повреди го лимитираа искусниот дефанзивец на само пет настапи во дресот на ПСЖ, по летниот трансфер од Реал Мадрид. Ова го најавува францускиот весник „Паризиен“ во текст со наслов „Повредите – Крај за Рамос“, повикувајќи се на изјава на поранешниот лекар на „триколорите“, Жан Марсел Фере, кој не верува дека Шпанецот може да ги издржи напорите што ги носи професионалниот фудбал.

Рамос го пропуштии клучниот период од ланската сезона носејќи го дресот на Реал Мадрид, а честите повреди од самиот старт на авантурата во ПСЖ придонесоа „светците“ да залажат за богатиот двогодишен договор што го потпишаа со повеќекратниот европски првак.

„Тешко е да се предвиди како ќе се одвиваат ситуациите кај повредите, но во случајот на Серхио Рамос ситуацијата е алармантна. Клучна е издржливоста на мускулите, но во случајот на Рамос, говориме за играч кој 19 години напорно тренирал играјќи на највисоко ниво, притоа влегувајќи во бројни дуели и здобивајќи се со удари. Нема сомнеж дека мускулите му се ослабени, честите повреди го докажуваат тоа, а мое мислење е дека тој нема да игра фудбал уште две години, туку предвреме ќе ја заврши кариерата“, истакнува Фере за „Паризиен“.

Рамос во текот на минатата седмица заработи нова повреда на мускулот, поради што Шпанецот речиси сигурно ќе го пропушти првиот осминафинален дуел од Лигата на Шампионите против поранешниот клуб Реал Мадрид.

Се вчитува...