Шок од „Максимир“ – Динамо го одби Ливаковиќ

Хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ се поврзува сè повеќе со Барселона. Во хрватските медиуми се појавија информации за сценарио според кое Барселона би го купила Ливаковиќ од Фенербахче, а потоа би го испратила на едногодишна позајмица во Динамо.

На прв поглед, таквата опција изгледа примамлива за сите страни. Ливаковиќ би добил минутажа за играње и можност да се врати во позната средина, додека Барселона би обезбедила искусен голман за во иднина.

Сепак, на „Максимир“ имаат сосема поинаков став. Според „Спортски новости“, Динамо испратил многу јасна порака во врска со евентуален договор со Барселона.

„Не знаеме дали ќе оди во Барселона или не, но не доаѓа кај нас на едногодишна позајмица. Тоа не ни одговара. Сакаме долгорочно решение.“

Со тоа, Динамо практично ја затвори вратата за опцијата за едногодишна позајмица. Во загрепскиот клуб сакаат трајно да го решат прашањето за првиот голман, а не да доведат играч за кој однапред се знае дека ќе го напушти клубот по една сезона.

Ливаковиќ е под договор со Фенербахче до јуни 2028 година, но неговата иднина во турскиот клуб е неизвесна веќе некое време.

Се вчитува...