Шок: Поарие ја скина тетивата, следи долга пауза

Анадолу Ефес се соочи со огромен проблем на стартот од плејоф серијата со Фенербахче по тешката повреда што ја заработи Винсан Поариа.

Францускиот центар остана да лежи на теренот и веднаш беше јасно дека проблемот е сериозен, а денешните детални прегледи само ги потврдија стравувањата.

Ефес објави дека Поарие ја има скинато тетивата, тешкка повреда што ќе биде санирана со хируршки зафат во Истанбѕл, но потоа ќе следи и пауза и најмалку осум месеци од кошаркарските терени.

Се вчитува...