Шок: Тадеј Погачар мора на операција

Најдобриот светски велосипедист Тадеј Погачар заработи тешка повреда при падот на вчерашната етапа на „Вуелта“, во близина на Валенсија меѓу местата Пусол и Херако.

Словенецот удри во камен на левата страна на патот, ја загуби контролата над велосипедот и при падот заработи незгодна повреда. Деталните прегледи ги потврдија стравувањата, Погачар има сериозен проблем со рамото поради што ќе мора што поскоро да биде опериран.

Тој имаше удобна предност во генералниот пласман и беше апсолутен фаворит за победата, но за жал нема да може да ја заврши трката и ќе остане без уште еден трофеј во својата богата колекција.

„За жал, Тадеј имаше тежок пад и не можеше да ја заврши трката“, потврди Адријан Ротуно, директорот на медицинската екипа на неговиот ОАЕ Емирати.

По операцијата ќе бидат познати повеќе детали околу паузат,а но се чини дека Погачар ќе се врати на патеките дури во 2027 година.

Се вчитува...