Оександар Усик ја шокираше боксерската јавност со денешната објава дека се откажува од појасите во ВБА, ИБФ и ВБЦ категориите, отстапувајќи го своето место на помладите.
Искусниот 39-годишен Украинец напомена дека ова не значи негово пензионирање, бидејќи планира уште еден, „последен танц“ во рингот пред да се збогува од овој спорт.
„Ова е убав ден за да соопштам: Скаам да се откажам од сите шампионски појаси што во моментов ги поседувам. Сакам да ги направам достапни за момците кои чекаат на ред, за да можат да се борат за нив. Пријатели, ги оставам појасите, но не го напуштам спортот, се уште го имам својот „последен танц“ пред себе. Сакам да им се заблагодарам на сите, имам огромна почит кон сите организации“, порача Усик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
