Шок во бугарскиот фудбал: Убиен газдата на Ботев Пловдив

Шокантна вест од Бугарија. Синоќа е убиен еден од сопствениците на бугарскиот фудбалски прволигаш Ботев Пловдив, Илијан Филипов, кој е и сопственик на големата транспортна и градежна компанија.

Според информациите од Бугарското министерство за внатрешни работи, а пренесуваат бугарските медиуми, се работи за брутално убиство околу 01 часот по полноќ. Бизнисменот бил смртно застрелан во главата. Досега нема информации за уапсени осомничени лица или за лица по кои се трага.

Филипов е добро позната личност во Пловдив, пред се откако го врати во живот фудбалскиот клуб Ботев Пловдив. Неговата компанија беше и главен изведувач на изградбата на стадионот „Христо Ботев“ во Пловдив.

Се вчитува...