Шок во Фиренца: По шест едноподруго победи СПАЛ ја запре Фиорентина

Кога најмалку очекуваа, навивачите на Фиорентина доживеаја вистински шок со ремито без голови на нивниот миленик против СПАЛ во 32. коло од Серија А.

Шест едноподруго победи имаше Фиорентина со кои се активираше во трката за 6. место кое води во Лигата на Европа следната сезона, за да сега неочекувано биде запрена од еден од најслабите тимови во лигата.

И покрај огромната желба и постојаните атаци кон голот на СПАЛ, тимот на Стефано Пиоли не успеа да дојде до посакуваниот погодок.

Па, така на крајот Фиорентина со 51 бод остана на 7. место, со еден бод помалку од шестопласираниот Милан кој има и натпревар помалку, а од 15 часот во ова коло го пречекува Наполи.

Се вчитува...