Шок во Франција: Поранешниот клуб на Вембaнјама прогласи банкрот

Францускиот кошаркарски клуб Булоњ Метрополитанс од Париз, официјално прогласи банкрот и ќе престане да постои само 17 години од неговото постоење.

Клубот на крајот од регуларниот тек на француската „елита“ испадна во понизок ранг, но поради финансиски проблеми не поднесе документи за играње во втората лига, и донесе одлука да прогласи банкрот.

„Во договор со партнерите одлучено е клубот да не се пријави за регистрација во францускиот Б шампионат за следната сезона“, стои во соопштението на клубот.

Метрополитанс е основан во 2007 година, како наследник на легендарниот клуб Париз Баскет Расинг кој постоеше до 2006 година. Под новото име го освои купот во 2013 година, а четири пати играше во Еврокупот. Во сезоната 2022/23 за овој клуб играше Виктор Вембaнјама, прв пик од НБА драфтот минатата година.

Се вчитува...