Шок во Германија – Тројца фудбалери на Келн позитивни на Covid-19, враќање на фудбалот под знак прашалник

Германската Бундеслига требаше да биде една од првите лиги во Европа која требаше да го врати фудбалот по паузата поради пандемијата од коронавирусот. Се шпекулираше дека 16. мај би можел да биде датумот кога шампионатот би можел да продолжи.

Сепак, денеска стигнуваат шокантни вести од Германија. Тројца фудбалери на Келн, Курт Хофман, Урлих Бауер и Мирко Франк биле позитивни на коронавирус, пренесува Билд. Овие тестови беа како последна проверка на фудбалерите пред враќање на групните тренинзи. Ова е лоша информација за Бундеслигата, што значи дека најверојатно враќањето на фудбалот во оваа земја повторно ќе биде пролонгирано, а можно е Германската фудбалска федерација да тргне по стапките на своите колеги од Франција и да прогласи крај на сезоната.

Се вчитува...