Шок во Италија: Капитенот на Фиорентина пронајден мртов, одложено колото во Серија А!

Огромна трагедија го надвисна фудбалскиот свет. Капитенот на Фиорентина, 31-годишниот Давиде Астори пронајден е мртов во хотелска соба во Удине во пресрет на денешниот натпревар од Серија А против Удинезе. Првите информации говорат дека Астори починал во сон.

„Фиорентина е длабоко потресена што мора да објави дека нејзиниот капитен Давиде Астори почина неочекувано денеска. Поради деликатната ситуација, и пред се поради почит кон семејството, не можеме да излеземе во моментов со повеќе детали“ – информираа од италијанскиот прволигаш.

Токму поради оваа трагедија одложени се сите денешните натпревари во Серија А.

Астори беше капитен на Фиорентина и италијански репрезентативец од 2011 година со вкупно 14 настапи за „аѕурите“.

Се вчитува...