Парма успеа да стигне до неверојатен успех со враќањето во Серија А откако само пред неколку години беше исфрлена дури во Серија Д.
Легендарниот италијански клуб успеа за само три години да се врати во елитата, каде и припаѓа. Па, сето тоа клубот и навивачите го прославија на спектакуларен начин. Но, се чини дека се уште ништо не е готово што се однесува до враќањето во Серија А.
Парма сега се наоѓа под истрага поради наводно местење на натпреварот од последното коло во Серија Б. На тој меч Парма славеше против Специја и на тој начин се избори за место кое води ранг погоре, додека Фросиноне мораше да се задоволи со бараж.
Италијанските истражители сметаат дека Парма го наместила мечот со Специја. При 1-0 за Парма противничкиот тим имаше пенал, но поранешниот напаѓач на Парма, Алберто Џилардино промаши. Деталите од истрагата ќе бидат познати за неколку недели. Од Италијанската федерација најавија жестоки казни доколку се докаже дека мечот бил наместен. Се спомнува дури и преселба за двата тима во најнизок ранг на натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА