Шок во италијански клуб: Фудбалер случајно убил член на стручниот штаб

Во Цитадела, тим кој се натпреварува во Серија Б, се шокирани откако играчот од средниот ред Кристијан Д’Урсо е виновен за смртта на 77-годишниот Лин Симонета, член на стручниот штаб.

23-годишниот играч за врска, наводно бил зад воланот кога неговиот автомобил удрил во велосипедот на Симонета, лоциран во близина на тренинг центарот на тимот.

Постариот човек, кој беше вработен во клубот, почина на 29 април, шест дена по несреќата, а против Д’Урс е покрената истрага за убиство без намера. Цитадела издаде соопштение во кое ја изразува нивната длабока тага за смртта на Симонет, без да го спомене Д’Урс.

Овој тим е шести на табелата со 56 бода и очигледно ќе игра плејоф за уште едно место кое води во Серија А.

Се вчитува...