Шок во НБА – Расел Вестбрук позитивен на коронавирус

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата и член на Хјустон Рокетс, Расел Вестбрук е позитивен на коронавирус, потврдија од клубот. Ова се лоши вести за тренерот на тимот Мајк Дантони, бидејќи тој нема да може да смета на вториот суперстар во тимот во продолжението на сезоната кое почнува за 17 дена.

Од клубот информираат дека Вестбрук откако ќе го победи Ковид-19 веднаш ќе му се приклучи на тимот, но прашање е кога ќе биде тоа бидејќи кај секого различно влијае и не се знае дали на време ќе биде подготвен за продолжението на сезоната.

Се вчитува...