Шок во Париз: 114. тенисерка во свет до полуфинале на Ролан Гарос

Дефинитивно најубавата приказна на годинашното издание на Ролан Гарос, ја испишува полската тенисерка Маја Хвалинска.

Неверојатната Полјачка која е 114. на ВТА ранг листата се пласираше во полуфиналето на вторито гранд-слем турнир во сезоната откако денеска славеше против Русинката, Ана Калинскаја со 2-0, по сетови 7-6 и 6-3.

Хвалинска во полуфиналето ја чека подобрата од дуелот меѓу првиот светски рекет Арина Сабаленка од Белорусија и Русинката Диана Шнајдер.

Се вчитува...