ШОК ВО ПАРИЗ: Медведев го заврши настапот на Ролан Гарос

Поранешниот тенисер број еден во светот, а моментално осми играч на АТП ранг-листата, Данил Медведев уште еднаш докажа дека земјената подлога не му одговара, откако во својот 10. настап на Ролан Гарос загуби во 1. коло по седми пат. Оваа година Австралиецот Адам Волтон, 97. играч во светот кој доби вајлдкард за настап, беше поуспешен со 6-2, 1-6, 6-1, 1-6, 6-4.

Во последните четири години, тој се врати на своите „стари навики“, ова е негов трет пораз во 1. коло во тој период.

Во април, Медведев претрпе и понижувачки пораз од 6-0, 6-0 на Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло од Италијанецот Матео Беретини.

Се вчитува...