Спортската јавност во Србија и регионот е завиена во црно по веста за ненадејната смрт на поранешниот фудбалер на Партизан, Ајаздин Нухи (46). Според првичните и неофицијални информации објавени во српските медиуми, Нухи бил пронајден мртов во својата семејна куќа во белградската населба Борча, каде наводно си го одзел животот со бесење.
Полицијата веднаш излегла на терен и започнала увид кој треба да ги утврди точните причини и детали за оваа голема трагедија што го потресе српскиот фудбал.
Ајаздин Нухи ја заврши својата професионална кариера пред повеќе од десет години во дресот на Колубара. Сепак, фудбалските вљубеници најмногу го паметат по настапите за белградски Партизан, каде пристигна во 2001 година од редовите на Чукарички. Во текот на својата богата кариера, тој во неколку наврати се враќаше во главниот град на Србија, а настапуваше и за екипи како Легија Варшава, Смедерево, Зета Голубовци, ОФК Београд, Могрен, Напредок и БСК Борча.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
