Шок за Баерн: Пораз од Лајпциг кој може да ги чини титула (ВИДЕО)

Лајпциг може да реши прашањето околу титулата во Германија, откако денеска го совлада тимот на Баерн Минхен со 1:3, и така му овозможи голема шанса на Борусија Дортмунд утре со победа над Аугзбург да дојде до првото место на коло до крајот.

Баерн Минхен загуби со пресврт во вториот дел, и така може да ја загуби титулата во Германија. Гнабри во 25. минута донесе предност, и се чинеше дека ги има „конците“ во своите раце.

Лајмер во 65. минута израмни на 1:1, а потоа со два пенали преку Нкунку и Собослаи да дојде до триумф од 3:1.

Победи ли утре Борусија Дортмунд на  гости кај Аугзбург, ќе значи и прва позиција на табелата пред последното коло во кое Баерн гостува кај Келн, а Дортмунд игра на домашен терен против Мајнц.

Се вчитува...