Шок за Интер: Челси му го украде договореното засилување

Интер неочекувано остана со празни раце во трката по Марко Палестра, па иако десниот бек веќе беше виден како ново име на „Џузепе Меаца“, тој на крајот сепак кариерата ќе ја продолжи во дресот на Челси.

Десниот бек беше главна желба на италијанскиот првак како замена за Дамфрис и се чинеше дека сите детали се веќе средени, за вкупен пакет од 50 милиони евра плус процент од следниот трансфер.

Ситуацијата се промени буквално во „пет до дванаесет“, откако Челси тргна во офанзива нудејќи вкупно 55 милиоони евра, од кои поголем дел како загарантирана отштета во однос на понудата на Интер. Тоа беше пресудно Аталанта да ја прифати понудата на лондонскиот премиерлигаш, кој експресно ги договори и деталите со самиот фудбалер, по што транферот може да биде комплетиран.

Доаѓањето на Палестра ги зголемува шансите Челси летово да го продаде Мало Густо, францускиот десен бек за кого се заинтересирани неколку клубови ширум Европа.

Се вчитува...